Србин настрада на Кипар, напаѓачите прво го претепале, а потоа го прегазил автомобил

Србин-настрада-на-Кипар-напаѓачите-прво-го-претепале-а-потоа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот државјанин, 29-годишниот Марко М. настрадал во саботата рано наутро во Лимасол, Кипар, а иако првично се верувало дека случајно настрадал од автомобил кој налетал на него додека трчал преку улицата, се испоставило дека тој е убиен, пишуваат српски медиуми.


Како што информираат од локалната полиција, уапсени се двајца мажи на возраст од 34 и 39 години на кои им е одреден тридневен притвор. Постои сомневање дека двајцата мажи го претепале Србинот на улица, а кога тој се обидел да им побегне, излетал на патот и во тој момент бил удрен од возило. Автомобилот го влечел неколку метри додека не застанал.

Од повредите Марко М. починал, а локалната полиција почнала да трага по осомничените кои по 24 часа биле уапсени. На возачот на автомобилот кој удрил во Србинот бил алкотестиран и по негативен тест бил пуштен да се брани од слобода. Истрагата се уште е во тек и ќе ги утврди сите детали за оваа трагична смрт, а расправијата и тепачката се снимени од надзорните камери.

Настраданиот Србин работел како обезбедување во паб недалеку од местото на несреќата во Лимасол.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK