Советот на министри на БиХ даде зелено светло за изградба на гасовод од Хрватска и Србија кон БиХ

бих
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на министри на Босна и Херцеговина денеска донесе одлука со која „даде зелено светло“ за потпишување договор со Хрватска и Србија за изградба на гасоводи од тие две земји до БиХ, т.е. Јужна и Источна гасна интерконекција.







Јужната интерконекција се однесува на изградба на гасовод од Загвозд во Хрватска до Посушје и Нови Травник во БиХ, со одвојување на едниот крак кон Мостар.

Јужната интерконекција треба да биде алтернатива за рускиот гас и се однесува на увоз на гас од Азербејџан.

Источната интерконекција вклучува изградба на гасовод од Србија до Бјелина и понатаму до Бања Лука, Приједор и Нови Град.

Источната интерконекција треба да биде нова рута за рускиот гас и на тоа инсистира владата на Република Српска.

Овие два меѓудржавни договори со Хрватска и Србија треба да ги одобри Претседателството на БиХ, а Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ претходно најавија дека нема да ги поддржат овие договори, доколку пред тоа не се усвои законот за гас на државно ниво.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK