Со широко мнозинство грчкиот Парламент го изгласа новиот закон за гласање од странство

glasanje grcija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот закон со кој се укинуваат сите досегашни ограничувања за гласање на Грците кои живеат во странство, синоќа беше изгласан со широко мнозинство во грчкиот Парламент и со поддршка од 208 пратеници, јави дописничката на МИА од Атина.







.„За“ гласаа владејачката Нова демократија и опозициските ПАСОК, Победа и Курс на слободата, против беа СИРИЗА и Комунистичката партија, а Грчко решение и Спартанци беа воздржани.

Законот е измена на постоечкиот од 2019 година и меѓу другото предвидува укинување на сите обврски, ограничувања, процедури и сл што го отежнуваа гласањето од странство.

Дава можност да гласаат сите оние кои живеат во странство, но и оние кои привремено се во странство вон Грција на денот на изборите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK