Службениот премиер на Грција положи свечена заклетва

Joanis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Судот на ревизори Јоанис Сармас и официјално е новиот премиер на Грција во службената преодна Влада што ќе има една единствена цел да ја одведе земјата на избори на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.







Сармас попладнево положи свечена заклетва во Претседателската палата пред грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и во присуство на поглаварот на ГПЦ, архиепископот Јеронимос, а веднаш потоа замина за Премиерската палата каде што ќе ја преземе функцијата од досегашниот премиер Кирјакос Мицотакис.

По заклетвата на новиот премиер, се очекува да биде соопштен и составот на преодната, службена Влада на Грција, која утре ќе положи свечена заклетва.

Во новата Влада ќе бидат министри, кои не се политичари, туку истакнати личности, секој во својата област, а нивниот мандат ќе биде до изборите на 25 јуни.

Откако лидерите на првите три партии не успеаја да формираат Влада, а како и што се очекуваше, без резултат заврши и лидерската средба, Сакеларопулу вчера му го додели мандатот на претседателот на Судот на ревизори, согласно предвидената одредба во грчкиот Устав, односно по исцрпувањето на сите обиди, мандатот оди во рацете на еден од тројцата претседатели на Врховните судови во Грција.

Сармас вчера ѝ се заблагодари на Сакеларопулу, рече дека претставува голема чест за него и истакна дека има уставна обврска да прифати, а воедно тоа е и негова должност како граѓанин.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK