Следниот протест во Србија против насилството ќе се организира в сабота, на 3 јуни, пред Народното собрание, а по прошетката учесниците ќе направат „прстен“ околу зградата на Претседателството на Србија. Тоа денска го најави потпретседателот на опозициската Народна партија, Мирослав Алексиќ.
Тој ги повика граѓаните да дојдат во центарот на Белград од 18 часот, бидејќи на тој ден се навршува точно еден месец од трагедијата што се случи во ОУ „Владислав Рибникар“ во која 13-годишник уби десет луѓе, вклучително и девет ученици.
„В сабота уште еднаш ќе се сеќаваме на сите жртви на трагедијата во основното училиште „Владислав Рибникар“, како и на масакрот во Младеновац. Ги повикуваме граѓаните да донесат цвеќе за да го остават околу зградата на Претседателството“, рече Алексиќ на прес конференција.
„Не смееме сега да се откажеме, мора да истраеме во борбата за Србија, за исполнување на нашите барања. Овој момент не смее да заврши како да се случила некоја сообраќајна несреќа. Ова е предупредување преку кое не смееме да поминеме“.
Саботниот протест ќе трае до 21 часот, јави Бета.