Скерцос: На Грција ѝ е потребна стабилна, еднопартиска, кохерентна Влада

skercos
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На земјата ѝ е потребна стабилна, еднопартиска, кохерентна Влада, а не коалиции кои нема да опстанат, порача портпаролот на грчката Влада Акис Скероцос на денешниот брифинг со новинарите, одржан во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Скерцос посочи дека нивната позиција е дека за да може земјата да се справи со многу и тешки надворешни кризи потребна е стабилна Влада која ќе го исцрпи четиригодишниот мандат, „а не коалиции кои нема да можат да опстанат и ќе имаат функционери кои нема да се интересираат за општото национално добро, туку ќе имаат сопствена агенда“.


Одговарајќи на новинарско прашање за можноста по изборите в недела, Нова демократија да формира Влада со ПАСОК- Движење на промена, истакна дека лидерот на социјалистичката партија Никос Андрулакис „ги урна мостовите со Владата и со Мицотакис“.

-Ако Андрулакис, откако два три месеци ни вели дека земјата е уништена, дека Мицототакис е опасен премиер, го смени ставот во рок од 24 часа и дојде да побара соработка, ќе биде неверодостоен. Мислам дека нема да биде веродостоен партнер во коалициска Влада, за која сметаме дека треба да биде стабилна и да трае четири години, објасни Скерцос.

Во однос на случајот со притворениот градоначалник на Химара, Скерцос порача дека треба да се ослободи, а албанската Влада ќе треба сериозно да размисли за нејзините одлуки и постапки, од моментот кога земјата се стреми да стане членка на ЕУ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK