Во овој момент не би можел да зборувам за конкретни податоци, истрагата е многу динамична и обемна од првиот ден, а се проверуваат сите можни факти и околности. Се проверуваат сите лица кои би можеле да се поврзат со настанот.
Ова утрово го изјави мајорката на српската полиција Бојана Отовиќ Пјановиќ, која во неделата вечерта појасни многу работи во врска со настаните во Бањско Поље од минатиот вторник и исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2).
Таа утрово за РТС појасни што прво се прави кога станува збор за исчезнување на дете и нагласи дека полициската пракса е пред се обиколка и пребарување на просторот на местото на настанот или исчезнувањето.
– Во моментот кога се појави видеото од Виена, со координација прво работевме на проверка на автентичноста на видеото бидејќи имаше се на мрежите, а веднаш потоа беше воспоставен личен контакт со човекот кој го сними. Потоа во координација со нас отиде и поднесе пријава, па истата вечер беше распишана жолта потерница од Интерпол – додаде мајорката.
„Што се однесува до мене, сега сите се осомничени“
– Не можам да кажам кои се осомничените бидејќи тоа не би било ниту стручно ниту одговорно. Што се однесува до мене, сега сите се осомничени! Земени се сите снимки од сите можни камери, се се проверува и тоа не се прави само во Бор, туку и во полициските управи во околните градови, – вели мајорката.