Територијата на Босна и Херцеговина вечерва беше погодена од силен земјотрес, кој беше почувствуван во повеќе градови. Според сведоштвата на граѓаните е почувствуван посериозен потрес, објавија босанските медиуми.
#Earthquake (#zemljotres) possibly felt 16 sec ago in #Bosnia&Herzegovina. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/NiBF1ij7vH— EMSC (@LastQuake) December 30, 2023
Тресењето на земјата го почувствуваа и граѓаните на Сараево, но и Зеница, Купрес, Тузла, Градачац и многу други градови.
Според првите информации од веб-страницата ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Исто така, според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри северозападно од Зеница на длабочина од осум километри.