Дрита Сефер Кичина (40) е пронајдена мртва во Глоговац, Косово.
Таа почина под сомнителни околности. Дошла на Косово пред Нова година, вчера била пронајдена без знаци на живот во бањата. Жртвата живеела сама, а околностите кои довеле до нејзината смрт се уште не се познати. Полицијата покренала истрага и по наредба на обвинител во моментов се работи за сомнителна смрт.
„Нејзината смрт била констатирана од лекар на лице место“, пишува indexonline.