Шефот на ЕУЛЕКС Џовани Пјетро Барбано изрази загриженост во врска со, како што нагласи, извештаите во медиумите дека новите косовски полицајци од српската заедница добиваат заканувачки пораки.
Тој во објава на Твитер ги нарече неприфатливи какви било закани или заплашувања.
„Многу сум загрижен поради медиумските извештаи во врска со заканувачки пораки до новите косовски полицајци од немнозинските заедници. Секаков вид заплашување е неприфатливо и ја нагласувам важноста косовската полиција да го одразува и претставува целото население на Косово“, напиша Барбано.