Серија земјотреси во Хрватска, граѓаните загрижени: „Дали сме во Бермудскиот триаголник? Се плашам да спијам”

zemjotres2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во 19:23 часот земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала е почувствуван во Риека, соопшти ЕМСЦ. Првите информации укажуваа на земјотрес со јачина од 2,9 степени. Корисниците на мрежите тврдат дека почувствувале тресење на земјата кое траело неколку секунди.


Според граѓаните, земјотресот особено бил почувствуван во Гробник. „Како да имаше две експлозии, една по друга!“, „Навистина ме исплаши“, се дел од коментарите пренесува „Јутарњи лист“.

Набргу по првиот, почувствуван е втор малку послаб земјотрес.

Во текот на ноќта, корисниците на ЕМСЦ се јавија да пријават земјотрес.

„Како гром“… „Се плашам да спијам вечерва“… „Во паника сум!“… „Бев во кревет, се чувствував како бран да поминал и да се тресе“… „Дали сме во Бермудскиот триаголник или што? Земјотрес по земјотрес, веќе со денови!“, се дел од коментарите на ЕМСЦ.

Сеизмолошката служба потврди дека умерен земјотрес со епицентар на седум километри северно од Риека ја погодил областа Риека во 19:25 часот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK