Семејството на момчето убиец од „Рибникар“ денеска очи во очи со родителите на убиените деца

Семејството-на-момчето-убиец-од-„Рибникар-денеска-очи-во-очи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска пред Вишиот суд во Белград продолжува судскиот процес во кој се води граѓанска постапка на 27 членови на семејствата на убиените деца од белградскопто основно училиште „Владислав Рибникар“ против семејството на момчето-убиец кое уби девет негови пријатели и еден вработен во обезбедувањето.


За утрешното рочиште се очекува да сведочат дури три семејства за тоа што му претходело на масовното убиство што се случи во утринските часови на 3 мај во строгиот центар на Белград.

Тужбата во граѓанска постапка против К.К., кој го стори делото и неговите родители Милјана и Владимир Кецмановиќ, заеднички ја поднесоа 27 тужители. Бараат надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв.

Побаран е и ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата, а додека траат условите, на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на некој близок.

На таткото и мајката на момчето-убиец им е привремено забрането да располагаат со недвижниот имот и парите што ги поседуваат, а сето тоа по предлог на семејствата на загинатите во масовното пукање, чија цел е исклучиво обезбедување средства со кои би им се исплатила отштета на семејствата на повредените.

Претходниот судски процес се одржа на 20 октомври годинава во Палатата на правдата, а се слушна дека момчето К.К., без никакви процедури е префрлено од едно во друго одделение, додека од друга страна, таткото на девојчето кое беше убиено во пукање во училиште на почетокот побарало да му го префрлат детето, но никој од училиштето не се огласил за тоа.

Судењето ќе продолжи утре, а главниот претрес е закажан за два дена и тоа 28 и 29 декември. Со оваа тужба се опфатени момчето убиец, Милјана и Владимир Кецмановиќ. Против нив, семејството на една од убиените ученички покрена втора, независна тужба, против семејството Кецмановиќ, ОУ „Владислав Рибникар“ и Република Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK