Сидрата на три траекти во близина на атинското пристаниште Рафина се заплеткаа, пришто 734 патници повеќе од пет часа чекаат на пристаништето во Рафина.
Третиот траект успеа да отплови.
Голема е загриженоста кај патниците, вклучително и постарите и децата, бидејќи во областа дува силен ветер и предизвикува силни бранови.
Пристанишните власти уверуваат дека нема опасност и дека е побарана помош за безбедно врзување на бродот за пристаништето, бидејќи еден од пропелерите е оштетен, а синџирот за сидро е обвиткан околу него, јавуваат грчките медиуми.