Татко се удавил на познатата плажа „Лагониси“ на Халкидики, Грција додека се обидувал да го спаси своето 8-годишно дете, кое ветерот го однел на море.
Како што соопшти крајбрежната стража во 11:30 часот, 48-годишен маж бил извлечен од морето во бессознание.
Според „Прототема“, таткото се обидувал да го спаси синот кој бил на душек, а силниот ветер го однел на отворено море.
Момчето било спасено со чамец, додека таткото не успеал да преживее.
Тој бил извлечен од морето во несвест и пренесен во болница, каде што била констатирана смрт.