Сараево е трет најзагаден град во светот

4deca366-a643-442e-a63a-5e0964451768.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сараево денеска е трет ден по ред на врвот на листата на главни градови со најмногу загаден воздух во светот и концентрација на ситни честички прашина, кои се најопасни за здравјето на респираторниот тракт, во раните утрински часови беше дури 40 пати повеќе од дозволеното со стандардите на Светската здравствена организација (СЗО), пренесуват медиумите во регионот.


Според податоците собрани од швајцарската веб-страница „AirQuality“, квалитетот на воздухот во Сараево во четвртокот бил во категоријата нездрав.

Високото ниво на штетни материи во воздухот во Сараево е резултат на локацијата на сливот на градот и честите температурни инверзии во зимскиот период, кои создаваат „ефект на капак“ во тој град, а кога нема ветер како оваа недела, резултира со повеќедневни магли кои дополнително влијаат на квалитетот на воздухот.

Постојаниот проблем на Сараево е постојаниот сообраќаен метеж предизвикан од големиот број возила во градскиот сообраќај, како и големиот број индивидуални камини во кои за греење се користат цврсти горива, пишуваат медиумите.

Сараево денеска беше трет најзагаден град по индискиот главен град Њу Делхи и пакистанскиот Лахоре.

Градските власти во Сараево упатија предупредување и покана до жителите да го намалат движењето на отворено на минимум и очекуваат подобрување на состојбата со промената на времето најавена за крајот на неделата.

Според оваа листа Скопје е на девето место според загаденоста на воздухот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK