Романија, Словачка и Полска испраќаат пожарникари во Грција

pozarna_34535345444
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Романија, Словачка и Полска одговориле на грчкото барање преку ЕУ механизмот за цивилна заштита  за помош во гаснењето на пожарите и во Грција испраќаат над 200 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос соопшти дека Грција побарала три пешадиски тима и возила, а позитивно одговориле трите земји.


Па така Романија ќе испрати пешадиски тим со 40 пожарникари и пет цистерни, како и уште десет пожарникари со пет возила, кои утре ќе пристигнат во земјата.

Словачка ќе испрати пешадиски тим со 31 пожарникар со 15 противпожарни возила, а тимот од Полска е најброен, со 149 пожарникари и 49 возила.

Пожарникарите од Полска и Словачка в петок ќе пристигнат во Грција.

Артопиос потсети дека од вчера во Грција се четири авиони од Италија и Франција, исто така преку механизмот на Европската Унија.

Во однос на активните пожари во земјата, рече дека се вложуваат максимални напори за огнените јазици да се стават под контрола.

Во пожарот во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, заедно со копнените сили, интервенираат девет авиони и 11 хеликоптери, од кои два се за координација, додека пак пожарот на Пелопонез пожарот се гаси со три авиони и два хеликоптери.

За шумскиот пожар на Родос што се шири од вчера попладне, портпаролот на противпожарната служба рече дека денеска е веќе во центар на островот, а преку бројот 112 за итни случаи од жителите три села беше побарано да се евакуираат.

На островот интервенираат 103 пожарникари со три пешадиски тима и 28 возила, три авиони и четири хеликоптери.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK