Роберта Мецола: Западен Балкан припаѓа на ЕУ

mecola
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола денеска изјави дека Западен Балкан припаѓа на Европската Унија и дека тоа е добитна комбинација и за ЕУ ​​и за регионот.

Мецола на Твитер напиша дека „патот кон членството во ЕУ е моќна алатка за реформи и промени кои ќе обезбедат демократија, безбедност и просперитет“.



Претседателката на Европскиот парламент во видеото што го објави вели дека ЕУ е свесна дека слуша повици од земјите од Западен Балкан кои бараат побрз процес за приклучување кон блокот од 27 земји.

 

„Во процесот на европска интеграција, соработката меѓу земјите од Западен Балкан е клучна. Интерконекција преку инфраструктура, технологија, дигитализација ќе обезбеди поголема безбедност“, рече Мецола.

Таа истакна дека работите се движат во добра насока откако на Босна и Херцеговина и е доделен статус на кандидат за членство во ЕУ, а на граѓаните на Косово им е овозможено преку визна либерализација да патуваат во земјите од Шенген зоната.

„Земјите од Западен Балкан треба да продолжат да се усогласуваат со критериумите на ЕУ, да преземат решителни чекори кон решавање на билатералните несогласувања и да остават перспективата за членство во ЕУ да послужи како поттик за реформите, кои се клучни за подобрување на управувачката структура, владеењето на правото. и промоција на слободата на медиумите“, потенцираше претседателката на Европскиот парламент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK