Реконструкција на албанската влада: Рама разреши шест министри

1693249189_rama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанскиот премиер Еди Рама изврши реконструкција на владата и разреши шест министри во неговиот кабинет, меѓу другите шефицата на дипломатијата Олта Џачка, пренесува „Албанска пошта“. Рама побара од претседателот на Албанија Бајрам Бегаи да донесе указ за оваа работа, а најавено е дека тој денеска ќе му ги претстави измените.

Олта Џачка повеќе нема да биде министер за европски и надворешни работи и на таа функција ќе биде именуван Игли Хасани. Делина Ибрахимај ќе му ја препушти функцијата министер за финансии и економија на Ервин Мета.


Ибрахимај сега ќе биде министер за претприемништво, а претходно таа функција ја извршуваше Едона Биљаљи. Актуелната министерка за здравство, Огерта Манастирљу, наместо Евис Куши ќе биде министерка за образование и спорт, а нејзината функција ќе ја преземе Албана Кочи, објави „Албанска пошта“.

Рама ја смени и министерката за земјоделство Фрида Крифца, која ќе ја замени Анила Денај, која беше министерка за економија.

Ново име во кабинетот ќе биде Арбјан Мазнику, кој ќе биде министер за локална администрација.
Рама најави дека во октомври ќе биде свикан конгрес на неговата Социјалистичка партија на Албанија на кој ќе бидат одобрени промени во структурата на секретаријатот на партијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK