Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи сподели детали од денешната средба во Брисел со претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел.
Рама подвлекува дека изнеле заеднички став дека ослободувањето на косовските полицајци од страна на српските власти е добра вест.
-Со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, бевме на ист став дека ослободувањето на тројцата косовски полицајци денеска е многу добра вест, иако задоцнета, информира Рама.
Исто така оцениле дека деескалацијата на тензиите во Косово е „неопходна за финализирање на договорот за нормализирање на односите меѓу двете земји”.
Според нив мирот на Балканот е главна обврска на двете страни.
Неопходноста од итна деескалација, што е вистинскиот пат кон последната фаза од дијалогот за Договорот за нормализација меѓу Косово и Србија, двете страни мора јасно да ја сфатат како главна обврска кон целиот регион, кој не може биде ничиј заложник, додава Рама.
Средбата, според медиумите, е остварена на покана на Мишел, по писмото што во средата Рама го испратил до францускиот претседател, Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и Мишел поради „неопходноста од нов, конкретен притисок од Франција и Германија, како автори на француско-германскиот план, со поддршка на САД, за што поскоро спроведување на истиот”.