На платото пред фонтаната на Теразије во Белград денеска нешто по 12 часот почна протестот што го организира иницијативата „ПроГлас“ поради наводна изборна кражба.
Поради протестот блокиран е сообраќајот на улицата Крал Милан од Плоштадот на републиката. На протестот под мотото „Не се согласуваме“ кај фонтаната се приклучија и студентите кои ја минаа ноќта под шатори на улицата „Кнез Милош“, а кои изминатите 24 часа протестираа на аголот од улиците „Кнез Милош“ и „Бирчанинова“.
Иницијативата ги повика граѓаните, поради, како што истакнаа, немањето изборна волја и неопходноста во рок од шест месеци да се одржат нови избори, по суштинска промена на изборните услови.
На протестот се присутни претставниците на листата „Србија против насилството“.