Пронајдено тело на подофицер на војската на Србија кој паднал во вода на вежба

Чувал-маж-и-девојка-како-робови-во-Србијa-им-ја.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Телото на подофицер на Војската на Србија е пронајдено утрово во каналот Дунав-Тиса-Дунав, дознава Телеграф.рс.

Еден подофицер на вооружените сили на Србија е тешко повреден вчера при вежба на каналот Дунав-Тиса-Дунав, додека по друг се трага откако паднал во вода, соопшти Министерството за одбрана.

Телото на бараниот подофицер е пронајдено утрово.

Како што се наведува во соопштението, инцидентот се случил при реализација на редовни тренажни активности на слетување од хеликоптер на водната површина на каналот Дунав-Тиса-Дунав, во реонот на воениот комплекс „Орешац“ околу 12:15 часот.

Вежбата ја изведоа припадници на 72 бригада за специјални операции.

По укажаната прва помош, повредениот подофицер бил итно пренесен во Општата болница во Вршац.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK