При гласањето за резолуцијата за Сребреница најмалку се гласаше за природата на злосторството, вели Дачиќ

Дачиќ-Состанокот-на-ОБСЕ-во-Скопје-ќе-биде-многу-тежок.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ оцени дека многу земји разбрале дека воопшто не станува збор за злосторства, ниту за грижа за муслиманите или Бошњаците, туку дека се работи за политизирање на прашањето.


„За време на гласањето на резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на ОН, многу земји сфатија дека воопшто не станува збор за злосторства, ниту за грижа за муслиманите или Бошњаците, туку дека се работи за политизирање на прашањето“, рече потпретседателот на Владата на Србија и министер за  внатрешни работи Ивица Дачиќ, во изјава за РТС.

Дачиќ изјави дека смета оти при гласањето за резолуцијата за Сребреница во четвртокот најмалку се гласало за природата на злосторството.

„Тоа е суштината зошто има толку мал број гласови за резолуцијата. Кога велам толку мал, мислам на бројот што го очекуваа. Тие се занимаваа со тоа што веќе имаат обезбедено две третини од оние кои би гласал за, што можеби беше точно во моменти додека Србија не се вклучи во целата акција“, рече Дачиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK