Претседателскиот кандидат Синан Оган гласаше на изборите во Турција

ogan_4534534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Синан Оган, кандидатот на Алијансата на предците за претседател на Турција гласаше денеска во Анкара, јави Анадолија.

Придружуван од сопругата Ѓокчен и двете деца, тој пристигна во областа Чанкаја во Анкара каде ја изврши својата граѓанска должност.


Тој уште еднаш ги повика граѓаните да излезат на гласање и да гласаат.

– Поминете ги овие избори во празнично расположение во мир, со среќа, рече Оган.

Граѓаните на Турција денеска гласаат на претседателски и парламентарни избори, избирајќи меѓу тројца претседателски кандидати и 24 политички партии и 151 независен кандидат за парламентот, кој има вкупно 600 пратенички места.

Право на глас на изборите имаат 64,11 милиони луѓе, а за првпат ќе можат да гласаат повеќе од 4,9 милиони турски граѓани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK