Од утринава во 8 часот, по 10 дена блокада, целосно е отворен за сообраќај преминот Брњак.
Информацијата за KoSSev ја потврди заменик командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Елшани.
„Од 8 часот утрово Брњак е целосно отворен, Јариње се уште не, бидејќи теренот се уште се контролира“, рече тој.
На 24 септември овие премини беа целосно затворени за сообраќај откако во селото Бањска беше убиен наредникот на косовската полиција Африм Буњаку, а потоа избувнаа судири меѓу вооружена и униформирана група Срби и косовската полиција, кога беа убиени уште најмалку тројца потврдени наводни напаѓачи.
Во меѓувреме, премините се отворени за излез од Косово, а од денеска преку Брњак може да се влезе и на север.
Одговорноста за конфликтот ја презеде Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа, кој вчера беше уапсен и сослушан во Белград.
Но, косовскиот премиер Албин Курти тврди дека Радоичиќ е само извршител зад сцената, а нападот во Бањска го наредил српскиот претседател Александар Вучиќ, додека властите во Белград категорично негираат вмешаност во вооружениот конфликт на северот на Косово.