Премиерите на Холандија и Луксембург денеска во Косово

kosovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерите на Холандија и Луксембург, Марк Руте и Ксавиер Бетел се очекува да допатуваат претпладнево во Приштина, каде што ќе бидат пречекани од косовскиот премиер, Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.







Според синоќешното соопштение на владината служба за информирање, Курти ќе ги пречека премиерите на двете земји членки на ЕУ на приштинскиот аеродром по што ќе има средба на тројцата премиери, а подоцна ќе има нивно обраќање пред медиумите.

Руте и Ксавиер ќе допатуваат во Приштина од Белград, каде што вчера се сретнаа со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Нивната посета на двете земји, како што изјавија синоќа по средбата со Вучиќ, е со цел да придонесат за смирување на тензиите и нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

За време на денешната посета на Приштина предвидени се средби на Руте и Ксавиер и со други државни и политички претставници на Косово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK