Во Хрватска на сила е црвен метео аларм поради ураганските ветрови во неколку места а многу патишта се целосно затворени или за одредени категории возила.
Можни се урагански ветрови со сила и до 200 километри на час, пренесува „Index.hr“.
Во останатиот дел од земјата исто така поради најавените ветрови на сила се жолти и портокалови предупредувања, додека во Славонија, во Загреб и Карловац и на планините, во сила е жолто предупредување поради можен снег.
Поради невремето патниот правец А1 е целосно затворен за сообраќај, додека на повеќе патни правци има забрана за движење за двокатни автобуси, мотоцикли и возила со приколки.