Повредени и значителна материјална штета во земјотресите во БиХ

Повредени-и-значителна-материјална-штета-во-земјотресите-во-БиХ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотрес од три степени синоќа го погоди градот Бања Лука, а подоцна е регистриран нов земјотрес со јачина од 4,7 степени, со епицентар во близина на Зеница, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт.


Неколку лица се повредени, а причинета е значителна материјална штета на објекти на подрачјето што го покрива Цивилната заштита на Зеница во синоќешните земјотреси во близина на центарот на градот, соопшти премиерот на Зеничко-добојскиот кантон, Незир Пивиќ.

Се додава дека земјотресот од 4,7 степени бил почувствуван во и околу Сараево, Бања Лука, Жепч, Витез, Травник, Бусовача, Какањ и многу други места.

Според медиумите, земјотресот бил почувствуван низ цела Хрватска, од Славонија до Далмација.

Според сеизмолозите, при олку силни земјотреси за очекување е да има низа помали потреси во текот на целата следна година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK