Потресни детали за сообраќајката во Србија: мајката на едно од загинатите момчиња е медицинска сестра и била на смена кога го донеле синот

Screenshot-2024-03-16-162854.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоќа во Горни Милановац двајца млади момчиња, Никола Ш. и Радован Б., двајцата 23 годишни, го загубија животот во тешка сообраќајна несреќа.


Трагедијата е уште поголема, откако се дозна дека мајката на загинатиот млад човек, Никола, е медицинска сестра на хируршкото одделение и била на смена кога го донеле синот.

-Синот и почина на раце – вели жител за српска „Република“.

Според информациите, до несреќата дошло кога Никола и Радован не го запреле автомобилот на знакот „стоп“, по што во нив удрил возач кој бил под дејство на алкохол. Неофицијално се дознава дека полицијата го привела А.О. (22) кој ги удрил возејќи со голема брзина, а кој им бил школски другар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK