Полициска акција во Црна Гора: шест лица уапсени поради трговија со луѓе

Полициска-акција-во-Црна-Гора-шест-лица-уапсени-поради-трговија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шест лица утрово се уапсени во Подгорица поради сомнение дека сториле кривично дело создавање криминална организација и кривично дело, трговија со луѓе.



Апсењето е извршено по наредба на Специјалното државно обвинителство, по повеќемесечно прибирање докази, податоци и информации.

Како што соопшти СДТ, уапсени се Б.П., П.П., И.Н., М.Д., Ф.П. и М.Ж, поради основи на сомнение дека во текот на минатата и оваа година, сториле кривично дело, создавање злосторничка организација и продолжено кривично дело трговија со луѓе, во врска со поголем број повредени граѓани на Турција.

Во тек е и претресот на станови и други простории што ги користеле уапсените, а се наоѓаат на повеќе локации.

Уапсените во законскиот рок ќе бидат спроведени на распит во Специјалното државно обвинителство како осомничени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK