Почнува судењето на семејството на момчето убиец од Рибникар: 27 членови на семејства на убиените ги тужат Кецмановиќ

Почнува-судењето-на-семејството-на-момчето-убиец-од-Рибникар-27.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Палатата на правдата денеска почнува судењето на родителите на момчето-убиец по приватни тужби поднесени од 27 членови на семејствата на загинатите од основното училиште во Белград, „Владислав Рибникар“.


Станува збор за граѓанска постапка врз основа на пријавата на семејствата, во која тие истакнале имотно правно побарување поради претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и поради страв, пишува Нова.рс.

На ова рочиште ќе бидат предложени доказите кои ќе бидат изведени во текот на постапката, а ќе се каже и во кој временски рок ќе се заврши постапката.

Како што е познато, во граѓанската постапка е поднесена тужба за да се оправдаат веќе определените времени мерки кои се однесуваат на забраната за располагање со имотот на семејството на момчето убиец. Значи, една тужба поднеле вкупно 27 тужители, а таа се однесува на членовите на семејството на убиениот, објавија српските медиуми.

Обвинети се момчето убиец, неговата мајка и татко.

Кон таткото, во кривичната постапка претходно биле определени привремени мерки за забрана на располагање и отуѓување имот, а кон мајката во граѓанска постапка.

„Тужбата е поднесена за надомест на нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице, како и за претрпениот страв. Исто така, со оваа тужба се бара и паричен ануитет, односно идна исплата на одредена сума пари од денот на пресудата и додека траат условите за тоа – на име идна нематеријална штета за претрпена душевна болка поради смрт на блиско лице“, изјави извор запознаен со случајот, објавуваат медиумите во Србија.

Веќе е поднесена тужба против мајката на момчето убиец. Ја тужеа четворица членови на семејството на една од жртвите на пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“. Побарале отштета од околу 300.000 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK