Почина поранешниот министер и водечки член на ПАСОК Теодорос Пангалос

clen na pasok t
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 85-годишна возраст почина грчкиот политичар Теодорос Пангалос, поранешен министер, вицепремиер, но и водечки член на партијата ПАСОК, јави дописничката на МИА од Атина.

Веста за смртта беше соопштена преку неговиот официјален Твитер прфил.


Пангалос беше политички активен над 30 години, откако во 1981 година за првпат беше избран за пратеник во грчкиот Парламент, а политичката кариера ја заврши во 2012 година.

Извршуваше функции во повеќе Министерства, меѓу кои и она за надворешни работи, за транспорт и врски и за култура, додека пак во периодот од 2009 година до 2012 година, на два пати, со пауза од неколку месеци, беше и вицепремиер во две Влади.

За време на неговиот втор мандат на позицијата вицепремиер, во јануари 2012 година, Пангалос во Атина се сретна со тогашната македонска вицепремиерка Теута Арифи.

Во минатото, Пангалос беше еден од грчките министри што го имаше посетено Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK