Почина човекот кој се самозапали на плоштадот во Загреб

1679692698-shutterstock_2173858305-Robson90-1024x683.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Човекот кој се самозапали на плоштадот Свети Марко во Загреб почина на Клиниката за трауматологија, пренесуваат медиумите од соседството.


„Машкото лице кое се самозапали во Загреб и беше згрижено на Клиниката за трауматологија на одделението за интензивна нега, почина од повредите и покрај напорите на лекарите“, соопштија од болницата.

Претходно изјавија дека се здобил со изгореници од четврти степен кои му го покриле целото тело.

Медиумите потсетуваат дека пред зградата на хрватската Влада во Загреб, непознат маж се полил со бензин и се запалил. Брзо му била укажана помош и бил однесен во болница.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изрази жалење за настанот.

Пленковиќ рече дека е рано да коментира било што: „Не ги знаеме мотивите, ниту нешто друго“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK