Пленковиќ: Изборите ќе се одржат кога ќе дојде време

plenkovic_3323242344
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека парламентарните избори ќе се одржат во „редовниот период“.

Тој ова го изјави по свечената седница одржана по повод Денот на Вировитичко-подравинската жупанија, на прашањето кога ќе се одржат парламентарните избори, пренесува Загреб Индекс.



На новинарско прашање да ја коментира изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ дека евентуалното предвремено распуштање на парламентот и откажувањето од вообичаените рокови за парламентарни избори ќе се смета за измама, Пленковиќ рече дека не слушнал за таа изјава.

„Милановиќ зборува толку многу некохерентни тези – од назначувања во дипломатијата до штетата на нашите граѓани во грчки притвор и прорускиот однос во последната година и половина – што мора да се справиме со санирање на таа штета“, рече Пленковиќ.

Тој оцени и дека Милановиќ „оди наоколу и кажува што сака, а не  e претерано одговорен“.
Тој постојано ја намалува нашата култура и нивото на политички дијалог и за жал придонесе за вулгаризирање на целиот политички дијалог во Хрватска“, рече Пленковиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK