Пилотот на хеликоптерот што се урна во Грција пронајден мртов во морето: се наоѓал на длабочина од 52 метри

grcija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пилотот на хеликоптерот што се урна во морето во четвртокот наутро на север од грчкиот остров Евија е пронајден мртов.


Според „Protothema“, крајбрежната стража го извлекла од морето во петокот наутро.

Неговото тело било на длабочина од 52 метри, внатре во трупот на хеликоптерот.

Хеликоптерот А-109, како што потсетува медиумот полетал вчераутро од хелиодромот во Афидна, а требало да слета во Мантудија на Евија. Хеликоптерот слетал во 9 часот по локално време и повторно полетал во 10:13 часот од Мантуди. Набрзо исчезнал од радарот.

Иако на списокот на патници е наведен само пилотот, се сомнева дека во авионот имало уште едно лице, по кое се трага.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK