Петковиќ: Приштина има тенденција да го преувеличува бројот на жртви на сексуално насилство

јк-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, денеска, по повод Меѓународниот ден на борбата против сексуалното насилство во конфликти, соопшти дека политичарите во Приштина, на чело со Албин Курти, ги злоупотребуваат жртвите на сексуално насилство за време на конфликти на дневна основа за политички цели и имаат тенденција да го преувеличуваат бројот на жртвите повеќекратно.

„Курти и неговите соработници со години зборуваат за 20.000 жртви на сексуално насилство на Косово за време на конфликтот во 1999 година, иако надлежната институција во Приштина го потврди статусот на жртви на сексуално насилство за помалку од илјада луѓе. Овие официјални податоци стојат и во извештајот на генералниот секретар на ОН од 1 октомври 2020 година“, забележува Петковиќ.

Директорот на Канцеларијата на Владата на Србија за Косово истакнува дека „истовремено никој не ги спомнува српските цивили кои беа брутално малтретирани и силувани од припадниците на терористичката ОВК во Приштина, иако оваа појава беше масовна“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK