Случајот со петгодишно момче кое се загубило денес на плажата Сивири на Халкидики ги вознемирил капачите.
Како што пишуваат грчките медиуми, луѓето кои биле присутни на плажата забележале дека момчето талка само и изгубено, по што била известена полицијата.
Дури еден час полицајците трагале по роднините на момчето, јавуваат локалните медиуми.
Очевидци раскажуваат дека момчето било на плажата со својот дедо кој во тие мигови се испоставило дека заспал на лежалка.
Χαλκιδική: Αναστάτωση σε παραλία με παιδί που χάθηκε – «Ο παππούς του κοιμόταν σε ξαπλώστρα» λένε αυτόπτες μάρτυρες https://t.co/sOcdHfn0HV
— Protothema.gr (@protothema) August 15, 2023
За среќа, потрагата завршила успешно, но полицијата отворила случај против несовесниот дедо.