Во основно училиште во Живиница владеела паника поради наводна закана од ученик, кој изјавил дека ќе донесе пиштол со кој ќе ги убие своите врсници.
Еден од засегнатите родители случајот го пријавил во полиција, која потврдила дека нема причина за паника.
Портпаролката на полициското одделение, Аднана Спречиќ за „Клик.ба“ изјавила дека еден од родителите на учениците од училиштето поднел пријава со одредени сомнежи.
„Полициската управа на Живиница ги проверува наводите од пријавата кои се однесуваат на малолетен ученик. Со досегашните проверки не се утврдени закани или можност за носење огнено оружје“, додаде Спречиќ.
Тој се заканувал дека ќе донесе огнено оружје.
Според зборовите на еден од родителите, ученикот се заканувал дека ќе донесе огнено оружје во училиште, односно пиштол со кој ќе ги убие своите врсници.
Инаку, ова не е прва пријава поврзана со наводно насилство во училиштата во Тузла, на кое наишла полицијата. Речиси во сите случаи досега е констатирано дека лажно создавале паника.