Пацоли: Рама, важен фактор во регионот, не презема активности за да му наштети на Косово

pacoli
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот претседател на Косово, и еден од најбогатите Албанци, Беџет Пацоли, изјави дека нацртот предложен од албанскиот премиер Еди Рама за Заедницата на општини со мнозинско српско население на северот на земјата, во никој случај не е направен за да му наштети на Косово.

За Еуроњуз Албанија, Пацоли истакна дека Рама е важен фактор во регионот.


-Се надевам дека нема да ме разберете погрешно. Треба да знаете дека немам никаков интерес со Рама, ни економски, ни политички, ние сме пријатели, нè поврзува пријателство без интерес. Никогаш не сум побарал услуга од господинот Рама, но едно е сигурно. Сакал или не, господинот Рама е важен фактор во регионот. Видовме фантастична статија на Економист. Ние имаме потреба, секој ден, се повеќе луѓе како господинот Рама и тој ја ужива мојата почит, рече Пацоли.

Тој нагласи дека „Рама не ја презел таа активност со апсолутна намера да му наштети на Косово или да земе нешто од менталното богатство или заслугите на Курти. Се разбира, тој чекаше до сега. Рама знае нешто повеќе, како се случило и секако пред оваа ситуација виде дека е можно и постапи“.

– Не знам кој го иницирал, дали бил консултиран или не Курти, кој меѓународен фактор го консултирал премиерот Рама и кој го подготвил на нацртот. Но, како иницијатива ја поздравувам и познавајќи го премиерот Рама, убеден сум дека нема да направи никаков потег што би му наштетил на Косово или на господинот Курти“, подвлече Пацоли.

– Имав можност да работам со Рама и секаде каде што зборуваше за Косово, тој го бранеше Косово, потенцира Пацоли.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK