Осуден актерот Сергеј Трифуновиќ


sergej.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вишиот суд во Белград денеска го осуди актерот Сергеј Трифуновиќ на условна казна затвор од шест месеци со две години пробен период за поседување 11,8 грама марихуана за лична употреба.


Со истата пресуда, В.А., за кој се тврди дека му ја продал дрогата, е осуден на затворска казна од три години и четири месеци бидејќи при апсењето кај него биле пронајдени уште 100 грама дрога.

Сергеј Трифуновиќ, инаку, не се појави во Вишиот суд во Белград на пресудата.

Сергеј Трифуновиќ се товари за кривично дело неовластено држење наркотици, за што судот го осудува на 6 месеци затвор, со услов казната да не се изврши доколку во рок од две години не стори ново кривично дело“, изјави денеска судијата при изрекувањето на првостепената пресуда.

Трифуновиќ беше уапсен поради дрога на 18 април минатата година. Во обвинението што по спроведена истрага го поднесе Вишото јавно обвинителство во Белград, се наведува дека тие се приведени по предавањето на марихуаната. По распитот во обвинителството, Трифуновиќ беше пуштен да се брани од слобода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK