Објавени сателитски снимки од поплавите во Грција, нивото на водата расте – ново предупредување за евакуација

Објавени-сателитски-снимки-од-поплавите-во-Грција-нивото-на-водата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На жителите на 35 села во централна Грција им било кажано да бидат подготвени за евакуација бидејќи водата продолжила да ја поплавува тесалиската рамнина.



 

Властите за цивилна заштита испратија три пораки преку телефонската линија за итни случаи до 112 жители во 35 села лоцирани во регионите на Лариса и Магнезија – да бидат на готовс, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Стотици луѓе останаа заробени во своите домови во Тесалија, која го понесе најголемиот товар од бурата Даниел.

Поплавите ги однесоа домовите, уништена е витална инфраструктура, а уништени се и посевите на второто по големина обработливо земјиште во земјата.

Цивилната заштита во Лариса се обидува да ги зајакне насипите на реката Пиниос на периферијата на градот додека нивото на водата продолжува да расте.

Повеќе од 1.800 луѓе се спасени од областите погодени од поплавите низ Грција, соопшти противпожарната бригада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK