Хрватската полиција соопшти дека утрово маж ги убил мајка си и сопругата во Велика Горица, кај Загреб, а потоа се самоубил.
Злосторството се случило околу 10 часот кога маж со оружје во семејната куќа ја убил мајка си, а потоа во блиската цвеќара ја убил сопругата, која побегнала таму барајќи помош.
Откако ја застрелал сопругата побегнал и се заклучил во семејната куќа која набрзо била опколена од специјалната полиција, а околу пладне се самоубил.
По влегувањето во куќата полицијата го пронашла загинатиот сторител и една постара жена, а медиумите јавија дека се работи за неговата мајка.
Пошироката област околу местото на злосторството беше блокирана. Според хрватските медиуми, полицијата претходно не се занимавала со тоа семејство.