Нитај за изјавата на Рама за Косово: Тој е чуден човек, истото го кажа и на самитот на НАТО

edi-rama.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Генералниот секретар на АБК, Мухарем Нитај истакна дека барањето на албанскиот премиер Еди Рама, КФОР да ја преземе контролата врз северот на Косово, е исто како и барањето на српскиот претседател Александар Вучиќ.


Нитај на Фејсбук изјави дека Рама вакво барање имал и претходно, и дека не се консултирал со косовските власти.

„Еди Рама, чуден човек, побара КФОР да ја преземе контролата врз северот на Косово. Такво барање упати на самитот на НАТО одржан пред извесно време. Како е можно да бараш нешто, не за себе, туку за другите. Требаше барем да праша дали е ова барање на Косово“, посочи Нитај.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK