„Најважно е да ги провериме луѓето од видеото“ – српскиот амбасадор во Австрија вели дека властите од двете земји се во контакт

danka-nova-montaza.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорот на Србија во Австрија, Марко Благојевиќ изјави дека Амбасадата е во контакт со надлежните служби на Србија и Австрија и прави се’ што е можно побрзо да се најдат лицата од видеото снимено од српски државјанин во Виена и да утврди дали во нив навистина била двегодишната Данка Илиќ, која исчезна пред шест дена во Бор.


„На социјалните мрежи објавивме апел до секој кој има каква било информација да не контактира, австриската полиција или Министерството за внатрешни работи на Србија. Достапни сме 24 часа, на телефонската линија и во Амбасадата, во врска со сите можни информации кои би го потврдиле идентитетот на исчезнатото девојче“, изјави Благојевиќ за „Косово онлајн“.

Тој посочува дека постапуваат во координација со надлежните служби во Србија и Австрија кои се занимаваат со овој случај.

Како што вели, сега е најважно да се провери кои се луѓето од видеото, за да се утврди дали девојчето кое било со нив е всушност малата Данка.

Амбасадата ги известила и српските клубови и здруженија во Австрија, за да се посвети дополнително внимание.

Криминалистичката служба на Виена претходно денеска покрена истрага за случајот со исчезнувањето на Данка Илиќ од Бор, која наводно била видена во главниот град на Австрија, потврдија од управата на виенската полиција за дописникот на „Косово онлајн“.

Нова трага во истрагата за исчезнатиот Данка Илиќ се појави утрово во три и пол часот по полноќ, кога полицијата добила информација дека девојчето е видено во Виена во придружба на двајца романски државјани.

„Граѓанинот на Србија, кој е сведок на видеото, дал изјава и снимката што сам ја направил е обезбедена. Мажот за случајот дознал преку социјалните мрежи. Точните околности, особено дали се работи за исчезнато девојче, се предмет на истрага која е во тек“, изјави портпаролот на виенската полиција, Маркус Дитрих.

„Околу 20 часот излегов од метро станицата и видов како дете бега и вреска. Прво набљудував, а потоа почнав да снимам. Сè се случи на една трамвајска станица. Со детето имаше две жени кои меѓусебно разговараа на романски. Го викаа детето со некое име, не разбрав кое, но девојчето воопшто не одговори“ вели во мејлот Србинот од Виена, кој потоа испратил и видео од детето до полицијата во Белград.

Многумина забележале дека на видеото, кое наводно е снимено на станица во Виена, се гледа како две возрасни жени го следат девојчето, но без да покажат никаква емоција или интимност кон неа.

Откако беше објавено видеото на девојчето од Виена, за кое се претпоставува дека е исчезнатата Данка Илиќ (2) од Бањско Поље, јавноста е вознемирена и полна со различни мислења за сличностите и разликите помеѓу девојчето од видеото и малата Данка, пишува „Блиц“.

Во меѓувреме, Интерпол распиша жолта потерница (потерница за исчезнати лица) за исчезнатата Данка, каде што се посочува дека таа во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата и била врзана во опавче.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK