На неформалната средба во Тирана отсуствува само Курти

tirana
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Албанскикот премиер Еди Рама денеска е домаќин на неформална средба на премиерите на земјите од Западен Балкан на која присуствува и еврокомесарот за проширување и добрососедство Оливер Вархеји.







Средбата е посветена на актуелните состојби во регионот и на подготовките на Самитот на Берлинскиот процес предвиден за 16 октомври во главниот град на Албанија.

Истата се одржува во владината вила 30 а на неа присуствуваат премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на Србија, Ана Брнабиќ, на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто.

-На работниот ручек, премиерот Еди Рама, ја истакнал потребата да се има единствен став на барањата за ЕУ за време на Самитот на Берлинскиот процес во Тирана, што ќе се одржи на 16 октомври. Косово отсуствуваше на оваа неформална средба, која е многу неопходна за овој процес, како политички, така и со акцент на регионалното поврзување и економските придобивки, јави Топ чанел.

Во Тирана единствено од поканетите не допатува косовскиот премиер Албин Курти, кој според образолежнието од неговиот кабинет тој учествува на 25. издание на меѓународниот симпозиум SYMI, кој се одржува во Крит, Грција и на кој учествуваат прогресивни политичари и истакнати академици.

Се нагласува дека ова е шестипат како премиерот Курти е учесник на овој симпозиум а присуството го потврдил пред еден месец. Додаваат дека премиерот Курти ќе учествува на Самитот на Берлинскиот процес што ќе се одржи во Тирана.

Според албанските медиуми за учество на денешната средба косовската влада го потврдила доаѓањето на вицепремиерот Бесник Бислими, но не било прифатено поради протоколот.

Самитот на Берлинскиот процес, со кој претседава Албанија, е втор значаен собир што се одржува во Тирана, по Самитот ЕИ-Западен Балкан, во декември минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK