Милановиќ по средбата со Милатовиќ: Треба да се забрзаат преговорите меѓу Црна Гора и ЕУ

zoran milanovik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Загреб по средбата со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави дека треба да се забрзаат преговорите меѓу Црна Гора и Европската унија за членство, наведувајќи дека доцнењето на процесот може да се објасни само со неодговорност.
„Како можете да бидете членка на НАТО и да не можете да ги надминете сите овие непредвидени пречки и да станете членка на Европската унија? Ова е реалноста во која живееме и во таа смисла ја имате мојата поддршка“, рече Милановиќ на заедничката прес-конференција.

Милановиќ додаде дека ЕУ „мора да си објасни“ како е можно некои земји, кои влегоа во НАТО пред пет или повеќе години, „се уште не се ни блиску до влез во Унијата“, соопштија од кабинетот на хрватската претседателка.


„Тоа е доцнење кое може да се објасни само со неодговорност и бегање од решенија. Земјите кои се прифатени во НАТО, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија, а за кои се протегаат и одолговлекуваат преговорите за влез во ЕУ, всушност свесно и неодговорно се жртвуваат себеси“, рече Милановиќ.

За формирањето на новата црногорска влада, Милановиќ рече дека е важно таа земја да има стабилна влада и да продолжи на патот кон Европската унија.

„Овде нема голема мудрост бидејќи тоа е ваша определба и ваша насока. Ќе ви помогнеме колку што можеме. Врз основа на вашите настапи и говори, гледам дека НАТО и ЕУ се ваша примарна определба, иако тоа не беше целосно јасно пред извесно време“, рече Милановиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK