Милановиќ: Нема да бидам уште долго претседател, ќе бидам премиер на Хрватска

milanovik-22.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека Хрватска е лојална членка на НАТО, но, нагласи дека треба да се посвети на вооружувањето на земјата.


Милановиќ рече дека „авионите се убава работа“ што на ХДЗ и требаше за да им послужи како „предизборен трик“, но изгледа дека нема да биде така, додаде тој.

„Јас нема да бидам уште долго претседател, ќе бидам премиер“, изјави Милановиќ на новинарите, пренесе загрепски „N1“.

Милановиќ повторно ги критикуваше Владата и премиерот Андреј Пленковиќ за уривање на Уставот и избегнувањето на свикување на Советот за национална безбедност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK