Мицотакис: Не постои друго сценарио, или еднопартиска Влада на Нова демократија или нови избори во август

micotakis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Лидерот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, ја отфрли можноста за коалиција со ПАСОК или со било која друга од малите десничарски партии, во случај на изборите на 25 јуни да не го добие потребното парламентарно мнозинство за еднопартиска Влада, со што земјата би одела на трети избори во август, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за државната телевизија ЕРТ, Мицотакис посочи дека потребно е земјата да добие силна и стабилна еднопартиска Влада за да може да ги спроведе, како што рече, големите промени.


Во случај Нова демократија да не ги добие потребните 151 пратеник за еднопартиска Влада, според Мицотакис „не постои друго сценарио“, освен нови избори во август.

Истакна дека на ПАСОК не му ја затвориле тие вратата, бидејќи „ПАСОК вели дека и да имаш 149 пратеници, невозможно е да соработувам, затоа што навистина сакам да бидам во опозиција“.

-Ги потсетувам граѓаните кои не слушаат дека гласаме за власт, а не за опозиција. Со оглед на тоа дека категорично отфрлив било каква соработка со партии и фракции од десницата на Нова демократија, ваквото сценарио, ќе не доведе на избори во август, истакна претседателот на Нова демократија.

За односите со Турција, Мицотакис објасни дека ако стане премиер ќе побара средба со турскиот претседател Ердоган, додека пак коментирајќи ја ситуацијата во Еврос со зголемениот број мигранти од изминатите денови, оцени дека не постои некакво организирано турско сценарио, туку веројатно некои од криумчарите, поради изборите во Грција, сметаат дека може полесно да се влезе на грчка територија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK