Мицотакис го врати мандатот за формирање Влада, утре ќе го добие Ципрас

micotakis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис ѝ го вратил мандатот за формирање Влада на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која утре ќе го додели на лидерот на втората партија, односно на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина.

Од кабинетот на грчката претседателка соопштија дека Мицотакис стапил во контакт со Сакеларопулу и ја информирал дека го враќа мандат.


Па така утре претпладне, претседателката ќе го прими лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, за да му го додели вториот мандат, согласно одредбите од грчкиот Уставот.

Мицотакис кога го прими мандатот од Сакеларопулу рече дека „во суштина не постои никаков услов за формирање влада од конкретниот Парламент“ и истакна дека на земјата ѝ е потребна „силна и стабилна влада со четиригодишна перспектива“, а паралелно оствари и телефонски разговори со претседателите на партиите кои обезбедија влез во Парламентот и ги информирал за намерата на Владата да се забрзаат процедурите за новите избори да бидат на 25 јуни.

Нова демократија победи на вчерашните парламентарни избори, но поради пропорционалниот изборен модел што не предвидува бонус пратеници за првата партија, не е во можност да формира еднопартиска Влада, па затоа земјата ќе оди на втори избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK