Мечка нападна група мигранти на планина во БиХ, тешко се повредени

Мечка-нападна-група-мигранти-на-планина-во-БиХ-тешко-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пред неколку дена мечка нападна група мигранти во близина на Бихаќ во БиХ. Порталот „Радиосараево.ба“ пишува дека нападот се случил на планината Пљешивица, која е дел од стандардната мигрантска рута кон Хрватска. Мечката тешко ги повредила мигрантите.


Животното ги нападнало мигрантите во текот на ноќта, а единственото нешто што ги спасило бил мал нож што го имале со себе.

Граничната полиција на БиХ го пријавила нападот во СОС Бихаќ, организација која им помага на мигрантите во тој град. Тие интервенирале и констатирале дека нападнатата група мигранти има тешки физички повреди. Сепак, ничиј живот не е во опасност. Порталот „Радиосараево.ба“ објави фотографии од повредите по нападот.

Репортерот на порталот „Радиосараево“ јавува дека рутата преку Пљешивица е позната како една од најтешките на патот до хрватската граница.

Ова е првпат да се регистрира напад од животно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK