Владата на Кирјакос Мицотакис, исто како и во претходниот мандат така и сега, ќе продолжи да ги брани националните интереси, без најмала отстапка на сите нивоа, рече, меѓу другото, новиот владин портпарол Павлос Маринакис на првиот брифинг со новинарите и странските дописници по изборот на новата грчка Влада.
Одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за тоа каква ќе биде позицијата на Владата во однос на земјите од Западен Балкан, особено 20 години по Солунската агенда и во однос на Северна Мкаедонија, со оглед на тоа дека во Парламентот влегоа десничарски партии кои се против Договорот од Преспа, Маринакис не даде конкретен одговор, единствено истакна дека Владата е посветена на одбраната на националните интереси.
-Владата на Кирјакос Мицотакис и во претходниот нејзин мандат и во овој мандат мислам дека на најдобар можен начин ги одбрани интересите на сите грчки граѓани и ја заштити земјата, ја направи надворешно посилна и ова ќе продолжи да го прави, даги брани националните интереси, без најмала отстапка на сите нивоа, рече Маринакис.